Уште еден доказ дека plug-in хибридите загадуваат исто како и бензинот!
Анализа спроведена на 1.307 возила покажува дека plug-in хибридите испуштаат 110 грама CO2 / km
За plug-in хибридите во многу европски земји се добиваат субвенции од едноставна причина – се нарекуваат зелени автомобили. Имаат батерија која ви овозможува да возите до 60 километри на чисто електричен погон. Во реалниот свет, тоа едноставно не е случај, барем според податоците од Данската управа за патишта, која на консултантската група COWI и наложила да ги анализира моделите на возење на данските корисници на plug-in хибриди.
Границата кога автомобилот испушта толку малку CO2 за да може да биде во категоријата зелени автомобили е 50 грама CO2/km, а анализата направена на 1.307 возила покажува дека plug-in хибридите испуштаат 110 грама CO2/km или повеќе од двојно од граничната вредност.
Произлегува дека некои од plug-in хибридните автомобили имаат потрошувачка на гориво блиска до потрошувачката на гориво на сличен автомобил на бензин или дизел, додека други сепак ја користат можноста за полнење електрична енергија и затоа имаат значително помала потрошувачка.