Како изгледа автомобил по напорно off-road возење во сезоната на дождови? 

Како да се капел со прасиња во бања со кал. Токму тоа планира да им го понуди на своите клиенти британскиот продавач на Dacia. Имено, сите сопственици на Duster можат да дојдат на локацијата на салонот во london West за да го капат својот автомобил во кал, односно да изгледа како да поминале тежок теренски пат.

Како се родила оваа генијална идеја? Во истражувањето спроведено на 1.000 сопственици на Duster 4×4, кои живеат во британските градови, 40 отсто од испитаниците рекле дека никогаш не се симнале од асфалтот, а третина рекле дека најсложениот теренски предизвик им бил преминување преку лежечки  полицајци.

Затоа Dacia создала програма за „миење“ со кал или Adventure Ready. Така ако возачите на Duster никогаш не виделе макадам, можат барем да создадат илузија дека биле таму и да се провозат низ градот со валкан теренец…