
Уникатен супер тјуниран McLaren снимен во Чернобил / ВИДЕО
Во подрачјето на Чернобил е снимен видео клип за еден многу необичен суперавтомобил – McLaren 650S Spider
Автомобилот импресионира со својата интереснa пост-апокалиптичнa доработка од студиото Liberty Walk. Проектот е наречен McLaren 650S Spider Chernobyl Design.
„Сега, од урнатините на Припијат, еден суперавтомобил си оди дома“. Ова е мотото на видеото, снимено во сè уште радиоактивната зона.
Под капакот за моторот се крие 3.8-литарски би-турбо V8 агрегат надополнет со титаниум издувен систем од Armytrix.
Погледнете го видеото во прилог.