Украден BMW X7 на Том Круз пред носот на неговото обезбедување
Кога сте славна личност од прв ранг, присуството на обезбедување е скоро задолжително, но дури и тоа не може да ве спаси од крадците на автомобили. Потврда за тоа е Том Круз.
Популарниот актер со месеци е во Англија, каде работи на снимањето на следното продожение од франшизта Невозможна мисија 7. Оваа недела, караванот застанал во Вест Мидлендс, Бирмингем, каде што железничката станица била преуредена за да ја одигра улогата на аеродромот во Дубаи за некои акциони сцени.
Резиденцијата на Круз е во Кент, но конкретно за оваа сцена, тој кратко престојувал во хотелот Гранд во центарот на градот, каде што му бил доделен BMW Х7 за постојана употреба. Меѓутоа, автомобилот бил украден.
Како што пренесуваат британските медиуми, Х7 бил паркиран на паркингот од хотелот, а за да го отуѓат крадците користеле релеј уред за да го „тргнат“ од пред носот на обезбедувањето на Круз, вклучувајќи го и неговиот личен телохранител, кој воедно е и негов возач. Кражбата за глумецот веројатно и немало толку да го погоди доколку во багажниот простор не се наоѓал неговиот скапоцен багаж.
BMW и филмската франшиза Mission: Impossible имаат долга соработка, бидејќи „Итан Хант“ го фаворизира баварскиот бренд. Кога била пријавена кражбата, некој од BMW организирал замена за неколку минути, а и полицијата брзо реагирала и го пронашла возилото преку GPS уредот во автомобилот.
„Сепак, се што имало во автомобилот исчезнало“, вели инсајдер, сугерирајќи на скапоцениот багаж на Том Круз. „Ова е голем срам за тимот што што работи на обезбедувањето, а возачот полуде, но не како Том!
Полицијата ја потврдила кражбата на теренецот BMW Х7, како и дека потерата по крадците е во тек. Видео материјалот исто така може да помогне при идентификација.