Uber во понуда веќе има и хеликоптери
Uber на пазарот лансираше нова апликација – Uber Copter, која овозможува транспорт со хеликоптер во Њујорк
Желбата на Убер е да го скрати времето потребно за транспорт од Менхетен до аеродромот JFK за вкупно 30 минути. Според претставниците на компанијата, по детално истражување, сфатиле дека е невозможно тоа да се изведе преку регуларниот сообраќај, па одлучиле да понудат услуги во воздушниот сообраќај.
Сепак, не секој може да побара возење со хеликоптер. Услугата Uber Copter е резервирана за Platinum и Diamond членови на Програмата за наградување на Uber. Во превод, ова значи дека мора да имате акумулирано најмалку 2.500 поени пред да се возите со хеликоптер.
Возењето со хеликоптер од Менхетен до аеродромот JFK чини 200 долари по човек. Uber не е првата компанија која се сетила на богатите од Менхетен да им понуди брз и лесен транспорт до познатиот аеродром. Другиот превозник се вика Blade, кој исто така бара 200 долари да лет до дестинацијата.
Сепак, американскиот Jalopnik е малку скептичен во врска со новата Uber услуга. Тие велат дека превозот во 11 часот со обично такси од Менхетен до аеродромот JFK трае околу 40 минути, со цена од 65 долари. А може да се стигне и со јавен превоз.
Сепак, луѓето кои ќе ги користат услугите на Uber Coopter секако не се оние што се возат во јавен превоз.