ZF демонстрираше како функционира новото, надворешно воздушно перниче за заштита на автомобилот и неговите патници во случај на несреќа со страничен удар

Германскиот производител на автомобилски делови ZF на почетокот од годината објави дека изградил софистицирани воздушни перничиња кои се надувуваат надвор од патничкиот простор на возилото и за кои се вели дека се подготвени да се појават на пазарот.

Оваа компанија работи повеќе од една деценија на развојот на нов систем на воздушна перница, а го презентираше на симпозиумот Airbag 2018, што се одржа во Манхајм во ноември.

Сега за првпат, имаме можност да видиме реална демонстрација на оваа технологија, која се одржала на полигонот во Меминген, Германија.

Како што е објаснуваат во ZF, страничните несреќи се меѓу најопасните сообраќајни незгоди. Само во Германија, речиси 700 луѓе годишно умираат во овој вид на сообраќајни инциденти, што е една третина од вкупниот број на жртви на патиштата во оваа земја.

ZF верува дека воведувањето надворешни странични воздушни перничиња ќе заштеди многу животи и ќе помогне во значително намалување на повредите на патниците. Според нив, овој вид воздушно перниче ја намалува пенетрацијата на едно возило во друго до 30%.

Прототипот на перницата прикажан во Меминген се активира во милисекунди пред контактот на две возила и ја зголемува „зоната на гужвање“ која е инаку мала во тој дел од каросеријата.

Системот развиен од страна на ZF се состои од сензори, камери, радари и лидари, за откривање на возило кое наидува од страна, додека централната единица за контрола оценува дали судирот е неизбежен или не и врз основа на тоа носи одлука за отворање на перницата или не.

Тоа воедно било и најголемиот предизвик за инженерите – како да се предвиди дека несреќата навистина ќе се случи и да се спречи непотребното активирање на перницата.

Системот инаку на располагање има околу 150 милисекунди за „донесување одлука“ и надувување на воздушното перниче, што е еднакво на времето кога се случува трепкањето.

Другиот голем проблем бил во тоа како за толку кратко време да се надува прилично голема воздушна пернича со волумен од 280-400 литри, што е за осум пати поголема количина на воздух во однос на онаа која е за актиирање на внатрешните перничиња за воздух.

ZF уште претходно најави дека надворешните воздушни перничиња може да се најдат во продукциски модели на автомобили веќе од 2021 година.