„Твоето лице изгледа познато“: новата Mazda2 Hybrid! / ФОТО
Toyota слични аранжмани има и со Suzuki, на кој им ги отстапува RAV4 и хибридната Corolla во караван издание.
Тоа е и повеќе од јасно уште на прв поглед. Mazda2 Hybrid е навистина Toyota Yaris со нова ознака на производителот на предната и задната страна на возилото и на воланот. Автомобилот ќе биде во продажба низ Европа во текот на 2022 година и за прв пат донесува целосна хибридна погонска технологија во палетата на модели на Mazda.
Mazda2 Hybrid комбинира 3-цилиндерски бензински мотор од 1.490 кубика со 68 kW / 93 КС и електричен мотор од 59 kW за вкупна системска моќност од 85 kW / 116 КС.
Новиот хибрид на Mazda од место до 100 km/h забрзува за 9,7 секунди и достигнува максимална брзина од 175 km/h. Потрошувачката на гориво во комбиниран циклус според WLTP е економична 4,0-3,8 l / 100 km со емисија на CO2 од 93-87 g / km (во зависност од димензиите на тркалата – 16“ или 15“).
Актуелната Mazda2 ќе продолжи да се продава, а новиот модел очигледно има за цел да ги намали емисиите на CO2 на Mazda за да се избегне плаќање пенали кон Европската унија. Патем, Toyota со години ја продаваше Mazda2 во Америка како Toyota Yaris па сето ова може да се разбере како враќање на услугата.
[useyourdrive dir=”1WWo8ZIpulKuEcKgskfdIRM1d9ySOrQ4U” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Toyota слични аранжмани има и со Suzuki, на кој им ги отстапува RAV4 и хибридната Corolla во караван издание, за овој да ги продава под сопствениот бренд.