За време на периодот на евалуација во Германија, од јули 2020 година до јуни 2021 година, 17,9 проценти од прегледаните возила покажале значителни или опасни недостатоци

Германската експертска организација TÜV секоја година ги објавува своите извештаи за квалитетот на возилата, базирани на милиони извршени технички прегледи, поточно 9,6 милиони во наведениот период. Во периодот на евалуација од јули 2020 година до јуни 2021 година, 17,9 отсто од прегледаните возила покажале значителни или опасни недостатоци (2 отсто помалку од периодот претходно). 

За 0,5 отсто е намалено и учеството на возилата со помали недостатоци (9,1 отсто). Ова покажува дека сопствениците на возила имале повеќе време да го одржуваат автомобилот за време на карантинот. Исто така, помладите користени автомобили за време на пандемијата останале на германскиот пазар наместо да се продаваат во странство.

И покрај позитивните движења, на патиштата се уште има многу возила кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Околу 0,04 отсто од испитаните возила се отстранети од патиштата. Во однос на сите извршени главни контроли, тоа се околу 10.000 возила. Десет пати повеќе возила морале веднаш да отидат во сервис со опасни дефекти како што се истрошени дискови на сопирачките, сериозно оштетени гуми или целосен дефект на стоп светлата (0,4 проценти). Просечната старост на германските автомобили во моментов е 9,8 години. Во 2011 година, просекот бил 8,3 години.

Но, кои возила се покажале особено добри во статистиката? Како и во претходните две години, севкупен победник е Mercedes GLC. Стапката на значителни дефекти кај теренците од две до три години е 1,5 отсто. Ова е најниската вредност од сите тестирани автомобили. На второ и трето место се Mercedes B-Class (1,9 отсто) и Volkswagen T-Roc (2,0 отсто).

Во другите возрасни групи, Audi Q2 (2,1 отсто) е победник во категоријата на возраст од четири до пет години, а Porsche 911 (3,3 отсто) кај оние на возраст од шест до седум години. Меѓу постарите возила стари од осум до девет години, Audi TT е на врвот. На возраст од десет до единаесет години, тоа е 12,5 проценти.

Во рејтингот по класа на возила, Opel Karl (3,4 проценти) е победник во микро класата. Кога станува збор за малите автомобили, пред сите е Audi A1 (2,9 проценти), додека победници во компактната, средната и ван класата се Mercedes A, C и B-класа.

Најлоши резултати во новиот TÜV извештај бележат Dacia Logan во возрасните групи до 3 години и до 11 години со стапка на дефекти од 11,6 и 36,8 проценти соодветно, а во возрасната група до 5 години, BMW Серија 5/6 е пред сите со 16,8 проценти. Fiat Punto има најголем процент во возрасната група 7 години со 23,3 проценти. До 9 години најнеславен резултат има Renault Kangoo со 31,8 отсто.

Возила со најмалку дефекти по старост (до 3 и 5 години)

До 3 години До 5 години
Модел Процент на дефекти Модел Процент на дефекти
1. Mercedes GLC 1,5 % 1. Audi Q2 2,1 %
2. Mercedes B-класа 1,9 % 2. Porsche 911 2,9 %
3. VW T-Roc 2,0 % 3. Mazda CX-3 3,5 %
4. Mercedes SLC 2,1 % 4. Seat Ateca 3,8 %
4. Porsche 911 2,1 % 5. VW Sportsvan 4,1 %
6. Audi Q2 2,3 % 6. VW Tiguan 4,2 %
6. Mercedes E-класа Coupe 2,3 % 7. Mercedes B-класа 4,3 %
8. Audi Q3 2,5 % 7. Mercedes SLC 4,3 %
8. Mercedes A-класа 2,5 % 9. Porsche Macan 4,5 %
8. Mercedes C-класа 2,5 % 10. Mercedes GLC 4,6 %

Возила со најмалку дефекти по старост (до 7 и 9 години)

До 7 години До 9 години
Модел Процент на дефекти Модел Процент на дефекти
1. Porsche 911 3,3 % 1. Audi TT 7,7 %
2. VW Golf Sportsvan 5,5 % 2. Mercedes B-класа 8,1 %
3. Suzuki SX4 6,1 % 3. Mercedes SLK 8,6 %
4. Toyota RAV4 6,5 % 4. Mazda CX-5 10,7 %
5. Mercedes B-класа 6,8 % 5. Mercedes GLE 11,2 %
6. Audi Q5 7,4 % 6. Audi Q5 11,3 %
6. Mazda 2 7,4 % 7. Mazda 3 11,4 %
8. Mercedes A-класа 7,5 % 8. Mitsubishi ASX 11,6 %
9. Mercedes SLK 8,1 % 9. Audi Q3 11,9 %
9. Opel Mokka 8,1 % 9. Opel Mokka 11,9 %

Возила со најмалку дефекти по старост (до 11 години)

До 11 години
Модел Процент на дефекти
1. Audi TT 12,5 %
2. BMW X1 15,0 %
3. Audi A1 16,1 %
4. Honda Jazz 16,2 %
4. VW Golf Plus 16,2 %
6. Toyota RAV4 16,4 %
7. Opel Meriva 16,7 %
8. Volvo XC60 16,8 %
9. Mazda 3 16,9 %
10. Mercedes E-класа Coupe 17,1 %

Возила со најмногу дефекти по старост (до 3 и 5 години)

До 3 години До 5 години
Модел Процент на дефекти Модел Процент на дефекти
128. Dacia Logan 11,6 % 126. BMW Серија 5/6 16,8 %
127. Dacia Duster 11,4 % 125. VW Sharan 16,4 %
126. Renault Kangoo 9,2 % 124. Dacia Dokker 16,0 %
124. Fiat Tipo 8,2 % 122. Seat Alhambra 15,9 %
124. Dacia Dokker 8,2 % 122. Dacia Duster 15,9 %
123. Citroen Berlingo 8,1 % 121. Ford Ka 14,7 %
121. Ford Galaxy 7,5 % 120. Dacia Logan 13,9 %
121. Dacia Sandero 7,5 % 119. Dacia Sandero 13,3 %
120. VW Sharan 7,3 % 118. Fiat Punto 13,0 %
119. Nissan X-Trail 7,2 % 117. Renault Kangoo 12,8 %

Возила со најмногу дефекти по старост (до 7 и 9 години)

До 7 години До 9 години
Модел Процент на дефекти Модел Процент на дефекти
116. Fiat Punto 23,3 % 109. Renault Kangoo 31,8 %
115. Renault Kangoo 22,1 % 108. Fiat Panda 29,6 %
114. Dacia Dokker 21,7 % 107. Dacia Logan 29,4 %
113. Ford Galaxy 20,0 % 106. Renault Twingo 27,4 %
112. Dacia Duster 19,8 % 104. Renault Clio 27,3 %
111. VW Sharan 19,7 % 104. Fiat Punto 27,3 %
110. BMW Серија 5/6 19,1 % 103. Dacia Sandero 26,4 %
109. Seat Alhambra 19,0 % 102. Ford Galaxy 25,6 %
108. Ford Mondeo 18,9 % 101. Dacia Duster 24,9 %
107. Dacia Sandero 18,1 % 100. Renault Megane 24,0 %

Возила со најмногу дефекти по старост (до 11 години)

До 11 години
Модел Процент на дефекти
95. Dacia Logan 36,8 %
94. Fiat Panda 34,0 %
93. Kia Picanto 33,7 %
92. Dacia Sandero 33,5 %
91. Renault Kangoo 33,1 %
90. Renault Twingo 32,7 %
89. Fiat Punto 32,4 %
88. Peugeot 207 31,4 %
87. Renault Clio 31,3 %
86. Suzuki Swift 30,7 %