Турскиот претседател Таип Ердоган го претстави првиот турски електричен автомобил
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и турската компанија Joint Venture Group Inc (TOGG), ги претставија првите домашни автомобили во варијанта SUV и седан
„Денес сме сведоци на историски ден за нашата земја, сведоци сме дека по 60 години се реализираа турските соништа“, изјави Ердоган во претприемачкиот центар „Гете“ во близина на Истанбул.
Ова ќе биде првиот обид на Турција за сериско производство на сопствен автомобил по неуспешниот обид во 1960-тите, додаде Ердоган.
Кросоверот доаѓа под името С-SUV чиј дизајн е потпишан од Pininfarina, познатото италијанско студио, а автомобилот своето официјално деби ќе го има во 2022 година.
Турскиот кросовер е целосно електричен и ќе се нуди во две конфигурации, со 200 и 400 КС.
Помоќната верзија до 100 km/h ќе забрзува за 4,8 секунди, а автономијата меѓу двете полнења ќе биде до 500 километри.
Автомобилот се очекува да се произведува во фабрика во Бурса, која се наоѓа на околу 150 километри јужно од Истанбул. Според плановите, годишно би се произведувале до 175,000 автомобили, а би биле ангажирани 4.000 луѓе, се вели во претседателската уредба објавена во службен весник во петокот.
Цената засега не е позната.
Неколку глобални брендови, меѓу кои и Toyota и Hyundai, веќе произведуваат автомобили во Турција, од кои голем дел се извезуваaт во Европа.
„Веќе со години зборуваме дека Турција мора да произведува свој автомобил, дека заслужуваме подобро од тоа да бидеме само склопувачи“, изјави Ердоган пред воочи претставувањето на теренецот и седанот.
Volkswagen во октомври ја одложи конечната одлука за изградба на фабрика за автомобили во Турција, поради критиките од меѓународната јавност за воената операција на Турција во Сирија.