Турнеја на Lamborghini ги покажува убавините на Италија / ФОТО+ВИДЕО
Италија е една земјите кои корона пандемијата најтешко ги погоди кога станува збор за европските земји, па Lamborghini олеснувањето на ограничувањата го прослави со специјална турнеја
Lamborghini мораше да го прекине производството во март поради пандемијата на коронавирус, но по ублажувањето на мерките, фабриката во Сант Агата Болоњезе започна повторно да работи.
За да го прослави закрепнувањето на земјата, Lamborghini организираше специјална фотосесија, турнеја наречена „Со Италија, за Италија“ (With Italy, For Italy) преку која претстави некои од најубавите локации во оваа земја.
На турнејата се појавиле 20 модели на Lamborghini од минатото и сегашноста, кои воедно се и главните sвезди на фотографиите од 20 италијански региони.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1zNAW0oIqh1XfaPrp1c2xX5ImpiTyy1ic” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Фотографиите се направени од група од 21 фотографи, а меѓу употребените автомобили е и сегашната понуда која се состои од хибридниот Sian Roadster, Aventador SVJ, Urus, Coupe и Spyder верзиите на Huracan, како и класични модели како Miura, Countach и Diablo.