Споредено со истиот месец лани, половните возила во просек поскапеле за 3.712 евра

Инфлацијата и долгите рокови на испорака на нови возила влијаат и на цените на половните автомобили. 

За ова секако сте свесни, особено ако едно од вашите хобија е следење на цените на половните автомобили на бројните интернет портали. Во октомври просечната цена на половни автомобили за прв пат се искачи над границата од 28.000 евра. Индексот на цените (AGPI) што го одредува порталот за половни автомобили Autoscout24 објави просечна цена од 28.214 евра. Тоа значи зголемување за 1,5 отсто или 418 евра во однос на претходниот месец. Споредено со истиот месец лани, половните возила во просек поскапеле за 3.712 евра.