Цените на половните автомобили се стабилизираат?!
Податоците се од платформа за големопродажба на користени автомобили
Експлозијата на цените на европскиот пазар на половни автомобили засега е запрена и има знаци на стабилизација во првиот квартал од 2023 година, покажуваат податоците на AUTO1 Group, најголемата европска платформа за големопродажба на користени автомобили со седиште во Берлин. Според компанијата, повеќе од 60.000 дилери и партнери во над 30 земји активно го дигитализираат својот бизнис со користени автомобили со технологијата и услугите на AUTO1.com.
Цените на половните автомобили достигнаа рекордно високо ниво во третиот квартал од 2022 година, а индексот се искачи на 171,6 во јули 2022 година, што е раст од 25,7% на годишно ниво. Сепак, четвртиот квартал од 2022 година е проследен со рекорден пад од 11,8%, според аналитичарите на Auto1.
Податоците се базираат на приходот „B2B“ – т.е. реалните продажни цени, кои се постигнуваат меѓу дилерите и се засноваат на, според компанијата, околу 3,6 милиони трансакции со користени автомобили.
Индексот на цените на AUTO1 Group се намалиl од јануари до февруари, поместувајќи се од 149,3 на 149,1. Со најновите податоци, индексот на цените на групата AUTO1 пораснаl од 149,1 во февруари на 150,9 во март. Севкупно, цените се зголемилe благо за 1% од јануари до март, но има стабилизација.
Индексот на цени на групацијата AUTO1 е првиот и единствениот индекс на цени на користени автомобили базиран на податоци за трансакциите на големо. Новиот индекс на AUTO1 Group дава увид во месечната еволуција на продажните цени на половни автомобили на големо во Европа од 2015 година.
Мориц Лук, виш потпретседател за продажба и операции во AUTO1 Group, вели:
„Како лидер на европскиот пазар со пазарен удел од 2,5%, нудиме најголем избор на користени автомобили во сите ценовни категории во повеќе од 30 европски земји. Само во 2022 година, AUTO1 Group продаде повеќе од 649.000 автомобили преку нашите веб-локации и апликации. Користејќи ги нашите податоци за трансакциите од основањето на компанијата, развивме пионерски индекс кој ги мери трендовите на цените на пазарот на половни автомобили на големо и обезбедува увид во целата индустрија“.
Индексот на цени на групата AUTO1 ќе се објавува месечно и понатаму и ќе ги истакнува најновите ценовни случувања на европскиот пазар на половни автомобили.