Цените на половните автомобили драстично зголемени
За само една година бензинците се поскапи за 30 отсто, а дизелите уште повеќе…
Половните автомобили во Германија стари три години се поскапи за речиси една третина за само една година. Во април, просечниот тригодишен автомобил со бензински мотор бил за 30,1 отсто поскап од споредливо возило една година порано, според анализата на фирмата за анализа на пазарот DAT..
Возило со бензински агрегат во април во просек чинело 27.900 евра. Просечниот дизел e поскап за цели 31,8 отсто или просечни 28.960 евра. Бројките се однесуваат на користени возила стари три години во сите сегменти и марки.
Предизвикувачи на порастот се малата понуда на возила како последица на пандемијата на коронавирус, кризата со производството на чипови и нови автомобили и недостигот на делови. Дополнително, цените на новите возила споредено со пред три години пораснале за околу 7 отсто, пишува германскиот Manager Magazin, па и тоа треба да се земе предвид.
Особено се зголемени цените на дизелите, за кои клиентите се подготвени да плаќаат се повеќе и повеќе.