Цените на нафтата повторно растат. Дали Европа ја чека недостиг од дизел гориво?
Минатата недела цената на нафтата падна под 100 долари, за вчера двата најважни индекси WTI и Brent да се искачат на 114 и 121 долар.
Во превод, веќе ги гледаме последиците и од денес имаме значително повисоки цени на горивата на бензинските пумпи.
Која е причината за зголемувањето?
Пред се, неизвесноста околу ставот на европските земји дали ќе продолжат да купуваат руска нафта. Санкции не се воведени, но останаа високите нивоа на цените. Тука е и проблемот со големиот нафтовод од Казахстан, поточно руското пристаниште Новоросиск, кое беше уништено во неодамнешното невреме на Црното Море и во моментов е неупотребливо, што ја намалува количината на продадена нафта. Казахстанската нафта се доставува до светот од руско пристаниште.
На долг рок, фактот што дури 50 отсто од увозот на дизел во Европа доаѓа од руските рафинерии ќе биде голем предизвик, а многу аналитичари тоа го гледаат како најголема опасност. Рускиот дизел учествува со 15 отсто од европската потрошувачка.
Во изјава за Financial Times, Амрита Сен, главен нафтен аналитичар во Energy Aspects, вели дека Европа увезува близу милион барели дневно руски дизел и тука се крие големата стратешка ранливост.