Поради поскапувањето на суровините, електричните автомобили и онака прилично скапи би можеле да поскапат за нови 1000 евра

Ако електричните автомобили се иднината, а веројатно и се, тогаш треба да се осигура дека тие се достапни и за оние кои денес купуваат Polo, Clio, Yaris и слични мали градски возила. Односно, барем некои од нив треба да бидат достапни. За жал, последните случувања во светот, војните, санкциите и недостигот, ги подигнаа цените на некои суровини на ниво кое веќе не е прифатливо.

Без литиум нема батерии во електричните автомобили, исто како што без какао нема чоколадо или вино без грозје. Настрана се, големата побарувачка за литиум, ја подигна неговата цена за 500 отсто, според Bloomberg, а тоа може да додаде нови дополнителни 1.000 евра на и онака веќе превисоката цена на електричните автомобили. Наместо пад на цените, тие ќе растат.

Истото важи и за набавката на други метали кои се користат во производството на батерии, како никел, графит и кобалт, кои исто се погодени од војната во Украина, што дополнително ја влоши ситуацијата.

Tesla може да изгради гигафабрика за околу две години, катодни постројки може да се изградат за помалку време, но може да бидат потребни и до 10 години за да се изгради еколошки прифатлива фабрика за ископување и екстракција на литиум.

Производителите на автомобили се обидуваат да ја намалат содржината на литиум во батериите, а некои експерти сугерираат дека рециклирањето на старите батерии би можело да задоволи 16 отсто од годишната побарувачка до 2035 година. Тогаш треба да се појави нова технологија за батерии која би можела да ја намали побарувачката на литиум. 

Сепак тоа се само претпоставки…