Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 08.06.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 111,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 113,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 107,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 105,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,809 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 56,317 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,249% или за 17,400 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 3,681% или за 47,750 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,681 % или за 46,150 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,405% или за 9,550 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 57,5520 ден/$ и е за околу 0,049 % понизок од курсот на доларот (57,5804 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.