Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 21.12.2020 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 21.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 21.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,136 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 21.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,701 ден/кг.