Цени на горивата по последната одлука на РКЕ
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 17.10.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 89,00 ден/лит, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 91,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 103,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 98,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,115 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 49,919 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,499% или за 13,200 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 0,331% или за 3,800 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 0,005% или за 0,050 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,826% или за 15,500 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 63,2685 ден/$ и е за околу 0,077% повисок од курсот на доларот (63,2196 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.