Со денешната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 04.11.2022 година

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 94,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 96,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 98,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 93,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,072 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 49,995 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,994% или за 19,200 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 0,558% или за 6,150 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 0,436% или за 4,400 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,165% или за 0,900 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 62,3556 ден/$ и е за околу 0,578% повисок од курсот на доларот (61,9975 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.