
Цели се клиентите на Renault Megane Conquest: Peugeot подготвува атрактивен компактен Coupe SUV 4008
Моделот би можел да се натпреварува со модели како VW Taigо, Mazda CX-30, но највеќе со клиентите на Renault Megane Conquest (Arcana)
Долго зборуваниот Peugeot 4008 би можел да пристигне уште оваа година со електрифицирани погонски единици и закосен покрив, дополнително нагласувајќи го премиум пресвртот на француската марка во последните години.
Peugeot го користеше името 4008 на B-SUV базиран на Mitsubishi кој се произведуваше од 2012 до 2017 година. Иако беше заменет со нов 2008, за враќањето на името 4008 во купе варијантата се зборува уште од 2018 година. Моделот би можел да се натпреварува со модели како Audi Q3 Sportback, BMW X2 и Mazda CX-30, или пак попристапниот Renault Megane Conquest.
Како што е прикажано во шпекулативната илустрација, 4008 може да изгледа повеќе како кросовер благодарение на неговиот низок страничен профил, аеродинамичната линија на покривот и издлабениот профил со изразени лакови на тркалата. Решетката ќе го добие новото лого на Peugeot опкружено со LED фарови со вертикални продолжетоци на црниот браник и вештачки отвори за вентилација кои се веќе видени на 308 и редизајнираните 3008/5008.
Во кабината, се очекуваме контролната табла iCockpit која ја користи 3008, што значи 10-инчна 3D дигитална инструмент табла и уште еден 10-инчен екран за инфозабавниот систем. Карактеристики како што се амбиенталното осветлување и висококвалитетните материјали за тапацир во комбинација со високотехнолошка опрема би помогнале 4008 да се смета за конкурент на овие модели.
Што се однесува до погонската група, најновите гласини сугерираат дека SUV Coupe моделот може да добие четири различни plug-in хибриди, комбинирајќи 1.6-литарски PureTech турбо бензински мотор со еден или два електрични мотори и литиум-јонска батерија од 12,4 kWh.
Ако ја погледнеме моменталната понуда на Peugeot, таа би вклучувала два PHEV со погон на предните тркала и комбинирана моќност од 180 КС (132 kW) и 225 КС (165 kW), заедно со два PHEV со погон на сите тркала и 300 КС (221 kW) и 360 КС (265 kW). Моделот би можел да добие и PSE (Peugeot Sport Engineered) варијанта, што ќе го направи вистинска конкуренција на VW Tiguan R.
Официјалната премиера се очекува оваа година, а повеќе информации за моделот ќе има во наредните месеци, заедно со можни фотографии од камуфлирани прототипови.