![Три важни совети за да спречите замрзнување на внатрешноста на ветробранското стакло на вашиот автомобил](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2022/01/mraz.jpg)
Три важни совети за да спречите замрзнување на внатрешноста на ветробранското стакло на вашиот автомобил
Користењето рециркулација на воздухот или исклучен клима уред исто така може да предизвика замаглување на шофершајбната
Во студените месеци со ноќни температури „под нулата“ употребата на стругалки за мраз е веќе стандардна утринска „гимнастика“. Но, што да направите ако најдете мраз на внатрешната страна на шофершајбната?
Мразот настанал затоа што влагата во кабината се кондензирала на стаклото, а потоа замрзнала кога температурата паднала под нулата. Најдобар совет на лице место е да ја отстраните влагата со отворање на вратата и проветрување на автомобилот.
Ако тоа не успее, земете стругалка за мраз и користете вентилација со топол воздух на шофершајбната. Поставувањето крпа или некаков друг вид ткаенина над горниот дел од инструмент таблата ќе ја апсорбира водата од мразот што се топи. Не користете течност за одмрзнување за внатрешноста, бидејќи хемиските испарувања можат да бидат штетни за здравјето.
Понатаму, многу понови автомобили имаат интегриран сензор за влажност кој му помага на системот за климатизација да ја процени количината на роса на шофершајбната што би требало да спречи замаглување.
Исто така, користењето рециркулација на воздухот или исклучен клима уред исто така може да предизвика замаглување на шофершајбната. За да го спречите ова, користете го клима уредот во „автоматски“ режим.
Исто така, одржувањето на внатрешноста на шофершајбната со сува крпа ќе спречи формирање мраз преку ноќ.
Најважно: отстранете го снегот од чевлите пред да влезете во автомобилот, бидејќи влажните теписи се тие што го кондензираат стаклото. Слично дејство има и мократа облека. Затоа не оставајте влажни работи во автомобилот.
Можете дури и да ги извадите теписите за да ги исушите во вашиот дом преку ноќ или да користите гумени патосници во зимските месеци. Утрото сигурно ќе биде попријатно и со помалку проблеми пред возење.