Трета година по ред: Возачите на оваа јапонска марка најчесто добиваат казни за брзо возење
Компанијата Insurify, американска компанија за споредба на автомобилски осигурувања, анализирала податоци за брзо возење во однос на 393 модели на возила и утврдила чии возачи најчесто добиваат казни
Оние кои најчесто добиваат казни за брзо возење во САД се возачите на Subaru WRX, веќе трета година по ред. Уште поинтересен е фактот дека на оваа листа во Топ 10, Subaru се појавува трипати со своите три модели – WRX, BRZ и Impreza.
Според податоците, 18,8 проценти од возачите на WRX имаат барем една казна за пречекорување на ограничувањето на брзината, што не може да се спореди со државниот просек од 9,59 проценти. Групата Hyundai и возачите на нивни модели се исто така поприлично застапени на оваа листа – Hyundai Genesis Coupe (17,72 %), Kia Stinger (16,58 %) и Hyundai Veloster (14,65 %), сите во првите 10.
Очекувано, Volkswagen Golf GTI исто така нашол свое место на листата, осмото место со зголемување за 14,95 проценти. Не е изненадувачки што пет од десет автомобили на листата се спортски автомобили.
Покрај другото, Insurify забележува дека малопродажните цени на сите овие автомобили се пониски од националниот просек од 41.044 американски долари, што едноставно значи дека се и попристни на американските улици.