Петтата генерација на Toyota Supra својата премиера треба да ја има на саемот во Детроит следната недела. Во меѓувреме, имавме „милион“ тизери, шпионски фотографии …

Конечно, Toyota Mexico постави видео клип од сериската верзија на Twitter

Видео клипот, кој беше привремено присутен на оваа социјална мрежа, ни овозможува целосен увид во надворешниот изглед на новата Supra.

Атлетски изглед, нагласен преку карактеристичните пропорции, заден спојлер, double bubble кров….

Долниот дел од возилото поседува серија на аеродинамични елементи, кои дополнително придонесуваат за агресивноста. Се разбира, поголемиот дел од техниката се дели со BMW Z4, иако Supra треба да обезбеди поспортско уживање од „германецот“. Во склад со тоа, Toyota, планира учества на тркачки патеки.