Toyota, во соработка со компанијата JAXA (Јапонска агенција за аеронаутика и вселенски истражувања), ќе развива возило за истражување на месецот

Станува збор за еден вид возило кое ќе потсетува на Toyota Land Cruiser, а и самото име ќе биде слично – Lunar Cruiser, што е многу јасна асоцијација за намената на возилото.

JAXA и Toyota минатата година потпишале заеднички договор за истражување и развој на лунарен ровер за превоз на луѓе, со предвиден датум на лансирање во втората половина на 2020 година.

Заедно, работеле на производство на тест делови за секоја техничка компонента и самиот прототип на роверот во текот на 2020 година. Работата вклучува спроведување симулации за тестирање на моќноста и прототипови на гуми, како и употреба на виртуелна реалност и модел во реална големина за за да се одреди распоредот на опремата во кабината на возилото.