Овој септември на македонскиот пазар Tоyota носи одличен новитет за секое бизнис-ориентирано лице, на коешто му е потребно верен и издржлив партнер во бизнисот

Со новото освежување во рангот на комерцијалните возила, доставата никогаш не била полесна, а возењето никогаш побезбедно со новиот член на професионаланите возила во гамата на TOYOTA – Proace City.

Proace City на македонскиот пазар ќе се нуди во комерцијална (Van) и патничка (Verso) изведба. Создадено за сите видови бизнис-потреби, комерцијалната верзија на нашиот пазар доаѓа во три каросериски изведби (Panel Van, Glass Van/патничко возило и Crew Cab (во долгата верзија) и две должини на товарниот простор – L1 (кратка, 1.817mm) и L2 (долга, 2.167mm), па сè до 3.400 mm должина за товарење за верзиите опремени со Smart Cargo опцијата.

Proace City Van има и одличен капацитет за товарење, со волумен од 3,3-3,9 m3 до 4,3 m3 со Smart Cargo опцијата. Корисен факт за секој бизнис е тоа што товарната верзија има простор за 2 еуро палети, давајќи му единствена уникатна предност, покрај карактеристиката за најдобра носивост во класата до 1 тон. И во комерцијалната и во патничката верзија, моторот нуди целосна покриеност на сегментот – доаѓа со 2 бензински и 3 дизелски мотори со моќност од 75 до 130 коњски сили, а освен што има најдобра потрошувачка во класата (од 4.3 l/100 km кај дизелските мотори и од 5.5 l/100 km кај бензиските мотори), има и најниска CO2 емисија (од 108g/km кај дизелските мотори и од 119g/km кај бензиските мотори). Статистички гледано ова возило има повисоки остаточни врености од конкурентите.

„Како најмало возило во рангот на комерцијални возила на Tоyota покрај легендарниот Hilux и поголемиот Proace, главниот фокус кај ова возило се секако безбедноста на возачот, поврзаноста и лесниот начин на користење. Tоyota нуди најдолга и најсеопфатна гаранција во сегментот и истата трае 6 години или 200.000 километри. За комплетирање на понудата нудиме и финансиски лизинг, специјално креиран за нашите комерцијални возила, со 4,5% каматна стапка и учество од само 10%,“ изјави Ана Трајковска, маркетинг менаџер во Tоyota Авто Центар.

Безбедноста при возењето е на високо ниво, со подобрени перформанси и практичност, притоа обезбедувајќи му комфор на возачот при брзото темпо на извршување на секојдневните бизнис-обврски. Возилото е достапно во повеќе пакети на опрема, додека сервисниот интервал е еднаш во годината или на секои 20.000 километри.

[useyourdrive dir=”1F4VqnPJC04xvuPN1BRSPoegntJ5n5dEC” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]