Иднината на електричните автомобили на Toyota ќе биде многу возбудлива. Покрај подобрувањето на перформансите, досегот и ефикасноста, електричните автомобили од оваа јапонска марка би можеле да вклучат и нешто од минатото

 

Врз основа на неодамнешната апликација за патент поднесена од Toyota, мануелена трансмисија со квачило би можела да биде идна опција во идните електрични автомобили од јапонска марка. Како всушност работи рачниот менувач во електричен автомобил?

На денешниот пазар на електрични автомобили, менувачите практично не постојат во традиционална смисла. Едностепениот пренос е присутен во производите на Тesla. Porsche и Audi користат единица со два степена за подобри перформанси при поголеми брзини на автопатиштата. Меѓутоа, освен во германските модели, менувачите не играат никаква улога во модерните електрични модели.

Toyota планира сето тоа да го промени. Како дел од нивниот патент, Јапонците практично создале традиционална трансмисија која се активира со помош на квачило и познатата рачка, која ја наоѓаме, на пример, во GR86. Еве како Toyota го објаснува тоа: 

„Контролната единица на електричното возило е така конфигурирана да го контролира вртежниот момент на електромоторот користејќи модел заснован на возило со мануелен менувач, на основа количината на притисок на педалот за гас, притисокот на педалата за псевдоквачилото и положбата на рачката на псевдоменувачот“.

Терминот „псевдо“ е интересно „вметнување“ во овој случај, бидејќи укажува дека целиот овој склоп е наменет за забава, а не за практични потреби на возилото. За да го подобри чувството кое го донесува овој иновативен систем, Toyota додава дека „електричното возило вклучува и генератор на реакциона сила при промена на менувачот, кој генерира реакциона сила при промена на степенот на пренос како одговор на функционирањето на лажните промени на степенот на пренос, со помош на актуатор на реакциска сила“.

Тоа значи дека електричните автомобили на Toyota би можеле да имаат симулатор на мануелен менувач, кој работи како оној во спортски автомобил.