Toyota го прекина производството за да заштеди електрична енергија!
Јапонската компанија Toyota Motor објави дека ја прекинала работата во фабриката во кинеската провинција Сечуан, откако властите издале наредба за заштеда на електрична енергија
„Фабриката на Toyota во Сечуан нема да работи до сабота“, се вели во изјавата на портпаролот.
Провинцијата Сечуан ја рационализира потрошувачката на енергија во индустријата за време на најлошиот топлотен бран во последните 60 години, принудувајќи ги производителите на ѓубрива, литиум и други метали да ги затворат погоните или да го намалат производството.
На индустриските потрошувачи во 19 од 21 град во Сечуан им е наредено да го прекинат производството од 15 до 20 август за да му дадат приоритет на снабдувањето со електрична енергија во станбените објекти, се вели во соопштението на администрацијата за економија и информатичка технологија.
Toyota одби да каже како исклучувањето ќе влијае на производството.
„Ја следиме ситуацијата секој ден и ги следиме насоките на владата“, вели портпаролот на јапонската компанија.