Toyota Corolla Cross продолжува со експанзијата низ светот, а последната дестинација е Европа

Ова обично не би било премногу возбудливо, но Американците треба завидуваат бидејќи моделот со евро спецификација е значително понапреден од оној што се нуди во Соединетите држави.

Toyota Corolla Cross ќе го заземе местото помеѓу C-HR и RAV4. Заедно со Yaris Cross и Highlander, Toyota на тој начин ќе може да се пофали со најголемата палета на теренци меѓу производителите во Европа.

Новиот модел е базиран на платформата GA-C и иако има исто меѓуоскино растојание како и C-HR (2.640 mm). Неговото тело е подолго за 11 cm и има 4.460 mm. Благодарение на правилните контури на каросеријата, патниците ќе имаат повеќе простор, особено на задната клупа, а доколку багажникот е со иста големина како кај азискиот модел, ќе има капацитет од 487 литри.

Corolla Cross ќе биде првата Toyota со новиот хибриден погон од петта генерација. Што тоа значи? Како прво, поголема моќ. Системот базиран на 2-литарски бензинец ќе генерира 197 КС, благодарение на што теренецот ќе забрзува до 100 km/h за 8,1 секунди.

Дополнително, новиот SUV ќе биде достапен со AWD-i погон на сите тркала. Во оваа варијанта одзади ќе се вградува дополнителен електромотор од 40 КС кој ќе одговара за задните тркала. Перформансите како и моќноста ќе останат исти како кај верзијата со погон на предните тркала, бидејќи бензинскиот мотор ќе биде малку послаб.

Инженерите исто така работеле на ефикасноста на самиот систем, намалувајќи ги механичките и електричните загуби, како и непречениот пренос на погонот, вклучително и рекалибрирање на односот помеѓу притисната педала за гас и одговорот на погонскиот систем. Но, тоа не застанува тука. Литиум-јонската батерија е дури 40 проценти полесна од претходно.

И во кабината има многу новости. Возачот ќе може да користи 12,3-инчен екран за инструмент таблата (со нов софтвер) и 10,5-инчен мултимедијален системски екран кој може да се пофали со побрз процесор и безжично поврзување со Apple Car Play. Дополнително, тој е проширен со можност за ажурирање преку Интернет, Cloud навигација и постојано информирање за состојбата во сообраќајот.

Има и бројни безбедносни системи, а за првпат меѓу другото ќе се сретнеме и со системот на предупредување за влегување во сообраќај, системот за откривање на возила кои доаѓаат од спротивна страна, асистент за вртење во раскрсница…

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1bXOMFvcdmKqwjVUz2V9TzMsPKlrn2G0d” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

За официјалните цени ќе мора да почекаме, но Toyota има амбициозни планови за новиот модел, сакајќи да постигне 9% удел на марката во сегментот C до 2025 година. Corolla Cross пристигнува до своите први клиенти во втората половина на 2022 година.