И додека повеќето европски автомобилски компании се откажуваат од моделите од А-сегментот во Toyota размислуваат поинаку, па за еден месец ќе ја претстават новата генерација на малиот Aygo, овојпат замислен и развиен самостојно од Јапонците, бидејќи Citroen и Peugeot во меѓувреме се откажаа од развојот на сродните модели C1 и 108

Развиен во Европа, новиот Aygo X ќе им биде понуден на европските клиенти и ќе се произведува во производствените капацитети на Toyota во Чешка, а буквата X во името на моделот сугерира дека и најмалиот модел на Toyota ќе се приклучи на растечкото друштво на кросовери.

Со концептниот модел Aygo X Prologue, Toyota уште во март покажа како ќе изгледа производствениот модел што треба да им биде достапен на клиентите од следната година, базиран на модуларната платформа TNGA-B на која е создаден малку поголемиот Yaris.

Toyota претходно објави дека и новиот Aygo X ќе го придвижува мал бензински мотор. Електрификација не е планирана, а сите детали ќе бидат познати наскоро.