Јапонското „мало дете“ дефинитивно нема да биде  евтино возило…

Toyota неодамна ја претстави новата генерација на моделот Aygo, кој со новото издание се претводи од хечбек во кросовер. Сега доаѓаат вести од неколку западноевропски земји и за цените на новитетот.

Во Франција, Aygo X ќе има почетна цена од 15.990 евра. Основниот пакет на опрема се нарекува Active и содржи целосен систем на напредни системи за активна безбедност на Toyota, од AEB со детекција на пешаци и велосипедисти, до адаптибилен темпомат…

Следниот трим е Design и чини 17.990 евра. Тој носи двобојна каросерија, 17-инчни тркала, 8-инчен кабински екран кој е компатибилен со Android Auto и Apple CarPlay.

Следен пакет на опрема е Collection (19.490 евра). Купувачот во овој случај добива се од претходниот пакет плус 18-инчни тркала, како и 9-инчен екран за контрола на инфозабавниот систем.

Најпрестижниот Aygo X ја носи наставката Air Limited и чини дури 21.490 евра во Франција! Има и платнен покрив, аудио систем JBL, грејачи на предните седишта, полукожен тапацир на седиштата, но и CVT менувач.

Се разбира, сите пакети на опрема користат иста погонска единица – 1-литарски атмосферски 3-цилиндерски бензински мотор со 72 КС. Овој мотор стандардно доаѓа во комбинација со петстепен мануелен менувач.

Останува да видиме какви ќе бидат цените на Aygo X во Македонија…