Тоталка од околу 300 илјади евра: Со Ferrari ја пробил заштитната ограда и за чудо преживеал / ФОТО
Полските медиуми наведуваат дека во моментот на несреќата врнело дожд, патот бил лизгав, а температурата била блиску до нула
„Иако го носи името Pista (тркачка патека), Ferrari 488 Pista може да се вози на пат без никакви проблеми!
Сепак, информациите од каталогот на Ferrari за неименуван возач во Полска не биле точни. Минатиот петок, во близина на градот Вирзиск, суперавтомобил од Маранело слетал од патот и удрил во заштитна ограда. Всушност, тој не ја удри оградата, туку се вовлекол под неа.
Иако на прв поглед изгледа страшно, несреќата поминала без повредени, само со материјална штета. И тоа голема, затоа што веројатно станува збор за тоталка. Уништени се предниот и задниот дел, покривот и двете страни. Цената на нов автомобил е околу 300.000 евра.
Полските медиуми наведуваат дека во моментот на несреќата врнело дожд, патот бил лизгав, а температурата била блиску до нулата.
Како потсетување, Ferrari 488 Pista се придвижува со 3.9-литарски V8 мотор кој произведува 720 КС, што му овозможува на овој модел да забрза до 100 km/h за само 2,85 секунди! Максималната брзина е 340 km/h.