Ако се прашувате кој автомобил најчесто се среќава на германските улици, одговорот претпоставуваме го знаете. Но кои се останатите?

VW Golf, се разбира е ненадминат во Германија. Според податоците на KBA, заклучно со 1 јануари 2021 година, на улиците на Германија имало 48.248.588 автомобили, од кои 3.692.755 се популарниот хечбек.

Тоа значи дека Golf е убедлив на првата позиција, а на второт место го следи неговиот помлад брат. Моделот Polo е исклучително честа глетка на германските патишта, односно, во оптек се дури 1.468.723 единици. Opel Corsa е исто така чест избор на Германците (1.175.634), како и Astra (1.128.482).

На петтото место е Mercedes C-класата со 1.054.624 регистрации, додека на шестото место на листата на најпопуларни возила во Германија е BMW Серија 3 со 1.044.910 единици.

Ако се погледне целата листа, станува многу интересна потрагата да се најдат модели кои не се производ на германски брендови, или некои од брендовите што се „под капа“ на германските компании, и ако на тоа се додадат и автомобили што не се „Made in Germany“ јасно е дека ваквите возила стануваат многу ретка глетка на германските патишта.

Ова е списокот на 50-те најпопуларни автомобили на германските патишта:

РБ. МОДЕЛ 2021. 2020. РАЗЛИКА 20/21
1. VW GOLF 3.692.755 3.728.097 -0,9
2. VW POLO 1.468.723 1.499.151 -2,0
3. OPEL CORSA 1.175.634 1.193.801 -1,5
4. OPEL ASTRA 1.128.482 1.193.338 -5,4
5. MERCEDES C-CLASS 1.054.624 1.073.056 -1,7
6. BMW 3-SERIES 1.044.910 1.070.649 -2,4
7. VW PASSAT 1.004.436 1.030.519 -2,5
8. AUDI A4, S4, RS4 905.687 940.444 -3,7
9. FORD FIESTA 866.095 876.200 -1,2
10. FORD FOCUS 838.804 845.262 -0,8
11. ŠKODA FABIA 814.867 810.494 0,5
12. AUDI A3, S3, RS3 756.530 761.011 -0,6
13. ŠKODA OCTAVIA 701.685 681.942 2,9
14. MERCEDES A-CLASS 690.883 690.793 0,0
15. MERCEDES E-CLASS 665.060 671.437 -0,9
16. VW TOURAN 657.701 662.794 -0,8
17. VW TIGUAN 647.035 604.616 7,0
18. BMW 1-SERIES 595.564 585.671 1,7
19. VW TRANSPORTER 571.074 560.717 1,8
20. BMW 5-SERIES 533.648 546.006 -2,3
21. MINI 503.758 475.587 5,9
22. AUDI A6, S6, RS6 473.037 469.803 0,7
23. MERCEDES B-CLASS 459.270 449.033 2,3
24. SEAT IBIZA 419.291 418.742 0,1
25. VW CADDY 417.223 400.944 4,1
26. SEAT LEON 403.303 374.297 7,7
27. SMART FORTWO 397.726 397.935 -0,1
28. OPEL MERIVA 385.646 403.909 -4,5
29. RENAULT CLIO 381.627 387.277 -1,5
30. TOYOTA YARIS 349.747 346.133 1,0
31. RENAULT TWINGO 349.456 358.370 -2,5
32. OPEL ZAFIRA 345.972 374.086 -7,5
33. FIAT DUCATO 323.739 282.285 14,7
34. FIAT 500 318.070 290.061 9,7
35. VW UP 314.027 292.333 7,4
36. FORD KUGA 301.513 279.736 7,8
37. HYUNDAI I30 294.453 282.605 4,2
38. NISSAN QASHQAI 269.418 264.196 2,0
39. FORD MONDEO 266.269 285.303 -6,7
40. BMW X1 258.654 239.286 8,1
41. RENAULT MEGANE 255.446 272.236 -6,2
42. MERCEDES GLK, GLC 242.907 212.725 14,2
43. DACIA SANDERO 236.931 225.118 5,2
44. BMW X3 226.914 212.715 6,7
45. NISSAN MICRA 224.446 233.124 -3,7
46. HYUNDAI I10 224.331 214.482 4,6
47. BMW 2-SERIES 210.039 189.763 10,7
48. HYUNDAI I20 207.345 191.901 8,0
49. OPEL INSIGNIA 206.189 204.065 1,0
50. FIAT PUNTO 202.061 223.977 -9,8