Топ 5 најскапи Porsche модели на сите времиња / ВИДЕО
Како дел од видео серијалот Топ 5, овој пат Porsche ги претставува петте највредни автомобили во неговата историја
На петтото место на листата на најскапи Porsche модели на сите времиња е тркачкиот 917/30 Spyder од 1973 година со 1200 КС, а еден примерок од овој автомобил е продаден за 3.000.000 долари.
Четвртата позиција е за еден од легендарните модели на производителот од Штутгарт, 550A Spyder од 1956 година. Овој е првиот Porsche автомобил направен специјално за трки.
Цената на овој модел на пазарот на класични автомобили достигнала сума од 5.170.000 долари.
На третото место е Porsche 911 GT1 од 1997 година со 600 коњски сили. Од него се направени само 20 примероци кои се хомологирани за возење на јавни патишта, од кои еден на аукција има достигнато цена од 5.665.000 долари.
Во позицијата број 2 е уште едно тркачко Porsche, модел 956 од 1983 година. Овој автомобил е веројатно најпознат по тоа што го држи рекордот на Нирбургринг веќе 35 години (6:11). Неговиот погон е 6-цилиндерски турбо мотор со над 600 “коњи”, а еден примерок е продаден за 10.120.000 долари.
На прво место, како најскапо Porsche некогаш, е тркачкото 917K, познато по филмот Ле Ман со Стив Мек Квин во главната улога.
Колку чини овој автомобил сега, како и детали за другите скапи Porsche модели од листата може да видите во приложеното видео: