На пазарот на теренски возила доаѓаат некои нови интересни работи

Ова е изборот на најдобрите off road иновации за 2019 година, како од кујната на производителите, така и од постпродажбата. Овие гаџети и системи може да бидат од голема помош при заглавување или преминување на сериозни пречки.

MaxTrax Mini i Xtreme

Иако претставени минатата година, MaxTrax Mini и Xtreme на пазарот пристигнуваат оваа година.

MaxTrax обезбедува потпирање дури и во најлизгавите ситуации, кога треба да се излезе од кал или снег, но, исто така, и за преминување на непријатни пречки. Овие пластични платформи се унапредени и засилени со композитни материјали.

Xtreme користи нови алуминиумски блокови кои се заменливи. Тие се мали по големина и придонесуваат за подобра фиксација на рабовите на MaxTrax. Што се однесува до Mini единицата, таа, како што е нејзиното име, е помала верзија, со што се поедноставува транспортот и складирањето.

UpDownAir 101

Овој систем овозможува додавање или испуштање на воздух од гумата со помош на пренослив компресор или компресор инсталиран на возилото, што притисокот во гумата го чини конзистентен.

Со помош на црево, гумите се поврзуваат со централната единица, така што сè може да се контролира од една точка.

Polaris Rapid Recovery Макара

Чекрк или макара е компонента од клучна важност за секој сериозен авантурист на терен. Без макарата често не постои „вадење“ од незгодна ситуација. Минатата година, Polaris воведе нов систем за брзо влечење, способен синтетичкото јаже да го влече пет пати побрзо. На овој начин се штеди време, а употребата се олеснува со далечинска контрола, која функционира на растојание до 15 метри.

Mercedes-Benz GLE – воздушна суспензија

Можеби звучи изненадувачки што една од најинтересните off-road технологии дебитираше на возило што не е „тркач“. Новиот Mercedes GLE поседува режим наречен „режим на слободно возење“ (Free Drive Mode), кој ја користи воздушната амортизација на возилото за да се направи одскок, што пак може да биде многу корисно за време на заглавување во длабок песок, на пример.

Системот овозможува возилото да одскокне и да се извлече од масата во која е заглавена. Значи, збогум на „туркањето“.

Ford Raptor – адаптибилна суспензија

За 2019 година, Ford ја подобри својата најдоминантна машина, off-road моделот F150 Raptor, со нови Fox Live Valve амортизери, а во суштина зборуваме за активна поставка на амортизацијата, која на моќниот камионет му овозможува константно прилагодување сите терени.

Во комбинација со внатрешен систем за премостување на амортизерите, што им овозможува да бидат чувствителни во однос на позицијата, новиот Raptor е способен во момент да се прилагоди на сите можни услови.

Toyota Tacoma – Desert Air Intake

Tacoma TRD Pro за 2019 година добива нов „пустински“ систем за всмукување на воздухот, кој „сноркелот“ го воведува во светот на сериските автомобили. Иако Toyota официјално нема да го нарече „сноркел“, токму за таа компонента станува збор, односно „дишење“ на моторот од многу позиции.

Ова не само што значи дека водата неможе да навлезе во моторот, туку од јапонската компанија објавија дека густата пустинска прашина, која има тенденција да биде вовлечена преку решетката на автомобилот, нема да го најде својот пат до филтерот за воздух, што обезбедува перформанси на моторот и подолг живот на филтерот.

MaxTrax влошка за кука за влечење

Станува збор за влошка за кука специјално дизајнирана за употреба со меки спојни карики. Дизајниран е како поробусна алтернатива, што значи дека може да издржи влечна сила од кој било агол, без потреба од ротација.

Warn SideWinder

Компанијата Warn на SEMA претстави нов врзувачка алка наречена SideWinder, кој ги заменува куките и спојките за побрзо и полесно спојување. Направена од кован алуминиум, Sidewinder брзо може да се закачи на повеќето алки за влечење кои се наоѓаат на браниците, меки спојни карики, продолжни кабли, ленти, итн

Од Warn велат вели дека оваа нова компонента може да издржи повеќе од 8.000 килограми, со минимална сила на сопирање од 29 тони.

Range Rover Evoque може да гледа низ хаубата

Новиот RR Evoque е претставен кон крајот на 2018 година, а дебитираше со многу интересна нова технологија. Имено, возачот може, со помош на надворешни камери, да гледа се пред него како да нема хауба. Камерите поставени на „носот“ не се новина во светот на теренското возење, но начинот на кој Evoque ја демонстрира оваа тејнологија, секако е нов.