Тјуниран Rolls-Royce Wraith за Џастин Бибер / ВИДЕО
Современите Rolls-Royce и Bentley и онака танцуваат на тенка линија помеѓу елеганцијата и кичот, а Maybach еднаш (правејќи специјални модели) ја премина таа невидлива граница.
Како да не е доволна само импозантноста на Rolls-Royce Wraith, па пејачот Џастин Бибер одлучил дека му треба естетска корекција. Тој веројатно сонувал за концепт 103EX, па сакал таков автомобил. Се претпоставува дека неговата желба ја исполнил тјунерет West Coast Customs, но засега нема потврда.
Овој Rolls-Royce Wraith сега има изменета предна решетка, скриени тркала и личи на конзерва рибо со тркала. Многумина се плашат дека пејачот ќе започне нов тренд и дека ќе има многу такви возила на американските улици.