Засега нема информации за погонот, освен дека ќе биде електрифициран, а за очекување е twin-turbo V8 машина со електромотор

На официјалната страница на одделот BMW M на Facebook е објавен тизер со кој се потврдува веќе објавеното име XM за идниот М SUV модел.

Скицата открива масивен преден дел со големи осветлени „бубрези“ помеѓу двете многу тесни LED светла и уште две поставени на покривот.

Браникот е дизајниран во карактеристичен М агресивен стил, а во најавата се наведува дека ова највпечатливиот М модел во 50-годишната историја на одделот и дека XМ е првиот модел на одделот како независна марка.

Концептот XM го објавува она што веќе беше потврдено од поранешниот извршен директор, Маркус Флаш, дека ќе биде предводни SUV модел во гамата на BMW.

Засега нема информации за погонот, освен дека ќе биде електрифициран, а за очекување е twin-turbo V8 машина со електромотор и моќна батерија. Во целина моќноста на системот би можела да оди до 750 КС што значи и најмоќниот модел со М-ознака досега.

Повеќе ќе се знае во наредните денови, поточно 29 ноември за кога е најавена премиерата на концептот, кој пак во сериска форма треба да се појави во 2023 година.