Новата Opel Corsa ја доби престижната награда за Best Buy Car на годината во Европа за 2020

Жирито на Autobest, составено од автомобилски новинари од 31 држава, ја одбрале новата Opel Corsa за победник и на тој начин ја означиле за автомобил кој нуди најмногу за вложените пари. 

Експертите ова го потврдиле по завршните тестови во Истанбул. Интересно,  ниту еден друг модел досега не е прогласен за Best Buy Car во Европа во три последователни генерации (2007, 2015, 2019).

„Многу сме среќни што ја добивме оваа награда“, вели извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер. „Одлуката на независните специјализирани новинари покажува дека со Opel Corsa создадовме автомобил ориентиран кон иднината за сите. Автомобил кој е најнапредeн, ефикасeн и добро опремен, а има силна динамика на возење. По цени што можете да си ги дозволите. Во исто време, Corsa, како трикратен победник на AUTOBEST, покажува дека со секоја нова генерација на возила што ја испорачуваме, врвните технологии стануваат достапни за широк спектар на купувачи“.