Според студијата на Alix Partners, годишната загуба во индустријата ќе изнесува околу 7,7 милиони возила

Постојаниот недостаток на чипови продолжува да влијае врз глобалната автомобилска индустрија. Поради недостаток на полупроводници, оваа индустрија најверојатно ќе пропушти приход од 210 милијарди долари (179 милијарди евра) оваа година, предвидува консултантската фирма Alix Partners. Уште во мај, прогнозите беа многу пооптимистички – загубите беа проценети на 110 милијарди долари.

Според студијата, годишната загуба поради застој во производството ќе изнесува околу 7,7 милиони возила, речиси двојно повеќе отколку што се мислеше. Во мај, прогнозата на Alix Partners беше минуст од 3,9 милиони возила, така да бројките се речиси катастрофални.

Во годината пред пандемијата, во 2019 година, беа продадени околу 65,5 милиони возила – доволно само за да се добие целосна слика за тоа колку значат 7,7 милиони (непродуцирани) возила.