Легендарниот кадар носи иста тема, но со нови главни улоги

Во 1963 година, скијачот Егон Цимерман е фотографиран како скока над Porsche 356. Моментот е совршено овековечен и била создадена фотографија која ќе биде една од најчесто користените за промоција на Porsche во следните децении.

Во Porsche одлучиле да направат нова верзија на фотографијата оваа година. Улогата на храбриот скијач кој ќе прескокне автомобил ја добил Норвежанец. Аксел Лунд Свиндал е еден од најхрабрите скијачи, го обожава Porsche, а сега се осмелил да го прескокне и Porsche Taycan.

„Фотографијата е едноставно совршена. Во неa има многу Porsche. За мене како дете, како фан на Porsche. Тоа е порака да бидете смели и да пробате нови работи. И токму тоа го правиме“, вели Свиндал.

И, конечно, интересен факт. На снимањето на новата верзија на фотографијата присуствувал и помалиот брат на Егон, Карлхајнц и внукот Мајкл, кои биле сведоци на создавањето на уште една легендарна фотографија.