Од моделот се направени само 400 примероци, а станува збор за многу ексклузивен класик и модел именуван по основачот на брендот

Ferrari Enzo, моделот именуван по основачот на компанијата, е еден од најпознатите и најпрестижни модели на марката кои некогаш излегле од Маранело.

За жал, овој црвен примерок во Холандија пред два дена лошо завршил, наводно за време на тест возење. Иако не се пријавени сериозни повреди, наследникот на култните Ferrari F40 и F50 претрпел сериозни оштетувања на двете страни и се чини дека ќе помине долго време во сервис пред да се врати на патиштата.

Инцидентот се случил во вторник наутро во 11.30 часот во холандскиот регион Баарн, познат и како Amsterdamsestraatweg. Сведокот видел Ferrari кое вози со голема брзина се до моментот кога возачот изгубил контрола, почнал да се врти на патот и удрил во дрво.

Последиците се две „искинати“ тркала на совозачката страна, тешко оштетена суспензија, неколку напукнати панели на каросеријата и оштетен под. Сите воздушни перничиња се активирани, но се чини дека монококот од јаглеродни влакна и централно поставениот V12 не се оштетени.

Според локалната новинска агенција ad.nl, фотографот кој случајно се нашол на лице место во автомобилот видел вработен од локалното ексклузивно автомобилско претставништво Kroymans Ferrari, што укажува дека несреќата можеби се случила за време на тест возење. Други извори тврдат дека автомобилот го возел механичар по извршен сервис, но се уште ништо не е потврдено бидејќи портпаролот на Kroymans Ferrari одбил да коментира за инцидентот.

Името на дилерот се гледало и на регистарските таблички кои биле отстранети пред да го натоварат суперавтомобилот на камион од локалната шлеп служба.

Enzo е еден од најпознатите Ferrari модели, со само 400 произведени примероци помеѓу 2002 и 2004 година, а сега дваесет години по стартот на производството, има се помалку и помалку Enzo примероци бидејќи неколку веќе се искршени во сообраќајни инциденти.

Вредноста на италијанскиот суперавтомобил постојано расте со бројот на продадени примероци (меѓу 2 и 3 милиони евра на последните аукции). Ова е причината зошто ова Enzo вреди да се поправи и покрај ултра високата сметка за поправка што, се разбира, ќе ја регулира осигурителна компанија.