Американскиот производител најави дека производството на новиот модел ќе започне и порано од планираното

Кога Tesla го претстави Model Y, беше објавено дека сериското производство ќе започне во есента 2020 година, но сега датумот за почеток на производството е преместен за следното лето.

„Инсталирањето на опремата за производство на Model Y е во тек воочи планираното лансирање следната година. Ние се движиме побрзо од првично планираното“, велат од компанијата.

Производството на новиот електричен кросовер во почетокот ќе се одвива на петтата монтажна линија во фабриката во Фримонт, Калифорнија, за подоцна, Model Y да се произведува и во новата Gigafabrica 3 во Шангај, Кина.

Покрај оваа вест, од компанијата објавија дека американскиот производител во третиот квартал од 2019 година имал приход од 6,3 милијарди долари, како и дека започнало пробното производство на Model 3 во претходно наведената Gigafabrica 3 во Шангај.

Од компанијата исто така објавија дека изборот на локација за новата Гигафабрика во Европа е во последната фаза. Фабриката, која ќе започне со работа во 2021 година, ќе се приклучи кон фабриките во Фримонт и Шангај во производството на Model 3 и Model Y.