Илон Маск најавува влегување во бизнисот со угостителство, со лансирање ланец ресторани под името на брендот Tesla

California Supercharger Station / Kettleman Cuty California

Поточно кажано, Tesla аплицирала за заштитни знаци кои ги покриваат категориите „restaurant services, pop-up restaurant services, self-service restaurant services и take-out restaurant services“, што значи дека тие се однесуваат на сите видови угостителски понуди за храна и пијалоци, од класични ресторани до ресторани за брза храна и услуги од типот „храна за носење“.

Ако се прашувате што ќе ја поврзе Tesla со ланецот угостителски објекти, одговорот е всушност многу едноставен. Исто како што има разновидни ресторани и кафулиња на многу бензински пумпи, така и Tesla Supercharger станиците за полнење на електрични автомобили ќе имаат „дополнителна содржина“ која ќе овозможи „нешто да се касне“ пред, за време или по полнењето на автомобилот.

Tesla веќе го има тестирано ова со воведување мал киоск за храна и пијалоци на California Supercharger station во Кетлман Сити, па сега сакаат сето ова да го подигнат на многу повисоко ниво.

Ланецот ресторани на Tesla ќе се одликува со големата буква Т од логото на компанијата, а Маск и неговиот тим исто така за ресторанските потреби поднеле барање за заштитен знак на името Tesla, како и за стилизирана верзија на зборот.

За да бидат уште поинтересни за посетителите, Supercharger рестораните ќе бидат тематски дизајнирани и ќе имаат голем број технологии што ја карактеризираат автомобилската компанија на Маск, па така на пример ќе може да се види дури и келнер-робот со автопилот на Tesla.