Tesla Semi „падна“ на еден од последните тестови / ВИДЕО
Камионот за време на тестирање предизвикал лесен сообраќаен инцидент
Tesla објави дека од 1 декември ќе започне испораката до Pepsi на карачаниот контингент од камионот Semi, ставајќи крај на долгогодишната драма околу новиот производ. Сепак, производителот на електрични возила сеуште не завршил со тестирање на Semi, како што е прикажано и во едно неодамнешно видео.
Се чини дека камионот се расипа, блокирајќи го влезот на автопат. Во краткото видео објавено од Serge the Car Hauler на YouTube, тестниот Semi се гледа застанат до друг камион, а на местото на настанот се гледаат и тимот за поддршка на Tesla, камион-шлепер и полициска патрола.
Видеото не дава одговор на многу прашања, но, барем на прв поглед, се чини дека електричниот камион се расипал и застанал. Камионот од страна очигледно се обидел да го помине Semi, но не успеал и неговите предни тркала излетале од патот. Камионот за влечење, пак, е свртен во спротивен правец, веднаш зад приколката.
Барем до сега, коментар за настанот од Tesla нема, но очигледно е дека компанијата сеуште ги нема решено сите проблеми околу својот прв камион, товарно возило кое во последно време многу се рекламира.