Tesla се надева дека со производство во Германија ќе започне пред крајот на годината
Илон Маск воедно се надева дека првите возила во фабриката во предградието на Берлин ќе излезат од производствените линии во октомври
Успехот на Tesla во Европа во голема мера ќе зависи од производството во Германија. Не затоа што на овој бренд ќе му недостасува побарувачка, туку затоа што дури и сега се чека многу долго за испорака на нарачаните автомобили, а инсталацијата на Стариот континент би можела значително да го скрати периодот на чекање за нарачаниот модел.
За време на посетата на оваа фабрика, шефот на Tesla изрази желба да започне со производство што е можно поскоро.
„Се надевам дека со малку среќа, ќе ги имаме првите автомобили произведени на оваа локација во октомври“, рече Илон Маск.
Како потсетување, оваа фабрика според првобитните планови со работа требаше да започне во јули оваа година, но дојде до смена поради разните, главно бирократски проблеми на кои Tesla наиде во Германија.
Иако Маск сака производството да започне во октомври, некои германски медиуми наведуваат други информации односно дека почетокот всушност ќе биде дури на почетокот од 2022 година.
Како и да е, Tesla во германската фабрика планира да произведува два модела – Model 3 и Model Y. Двата автомобили во моментов доаѓаат во Европа од други фабрики на Tesla – од Кина и од САД.