Tesla Roаdster во мирување, сега приоритет е Cybertruck!
Илон Маск, првиот човек на Tesla, вели дека промоцијата на Roadster ќе мора да го почека лансирањето на Cybertruck
Илон Маск во четвртокот како гостин на Џо Роган во неговиот познат подкаст допрел многу интересни теми, меѓу кои и овие врзина со моделите Roadster и Cybertruck.
Elon Musk hints at Tesla Roadster being delayed to 2022 https://t.co/4IN9KOV4hV by @fredericlambert
— Electrek.Co (@ElectrekCo) May 7, 2020
Roadster премиерно беше претставен во 2017 година кога Маск најави дека продажбата на истиот ќе започне во 2020 година по лансирањето на Tesla Model S. Ако се суди според зборовите на Маск, очигледно планот е променет.
„Roadster е еден вид десерт. Прво треба да го подготвиме бифтекот, компирите и салатата, така што Roadster ќе мора да почека на Cybertruck кој во моментов е приоритет“, вели Илон Маск.