Новиот сериски Tesla Roadster светлото на денот ќе го види во 2020 година, најрано, а режисерот Yazuki во меѓувреме ни прикажува дигитална верзија на овој прекрасен автомобил

Според фабричките податоци, Tesla Roadster ќе има батерија од 200 kWh што ќе му дава автономија од скоро 1.000 km.

Roadster-от од место до 100 km/h ќе забрзува за 1,9 секунди, додека една четвртина милја или 402 метри ќе поминува за 8,8 со максимална брзина од над 400 km/h.

Roadster ќе може да угости четири лица, ќе има погон со погон на четири тркала, во кој два мотори ќе ја придвижуваат предната оска, а еден задната.

Почетната цена е 200.000 долари, а резервацијата чини 50.000 долари.