Tesla и Илон Маск сакаат поголем импакт на европскиот пазар

Основачот и сегашен прв човек на Tesla, Илон Маск, најави нов автомобил кој веројатно ќе биде редизајнирана и адаптирана верзија на постоечкиот Model 3, а која првенствено ќе биде наменета за европскиот пазар.

Новиот автомобил може да се произведува заедно со седан верзијата во новата фабрика лоцирана во Германија.

Обраќајќи се на инвеститорите и аналитичарите преку конференциски повик, Маск вели дека неговата компанија „нема да успее во својата мисија ако не произведува прифатливи автомобили“. Тој додава дека автомобилите на Tesla не се доволно прифатливи во моментот и дека тоа треба да се реши.

Најверојатно, новиот модел нема да го видиме наскоро затоа што Tesla допрва треба да започне со производство на камионот Semi, супер автомобилот Roadster и пикапот Cybertruck. Како и да е, овој ценовно подостапен модел на Tesla ќе и овозможи да има ривал на моделот ID.3 на Volkswagen.