Автомобилскиот YouTube канал Edmunds објави видео од необична трка.

Во трката се вклучени Tesla Model S Plaid и два супермотоцикли – Suzuki Hayabusa и Kawasaki ZX-14R. Организаторите на трката за забрзување направиле цела серија на стартови.

Tesla Model S Plaid е опремен со три електрични мотори со вкупна моќност од 1020 КС. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 2 секунди, а максималната брзина е 321 km/h. Лифбекот со едно полнење на батеријата поминува 627 километри.

Мотоциклот Suzuki Hayabusa е опремен со 1.3-литарски бензински мотор со 188 КС, додека Kawasaki ZX-14R се потпира на 1.4-литарски мотор со 208 КС. Двата супер мотоцикли се значително полесни од американскиот електричен автомобил.

Како сето тоа изгледа и кој е победник на крајот, можете да погледнете во приложеното видео.