Иако Tesla Model 3 се соочува со бројни проблеми поврзани со квалитетот на изработка, уште од првиот ден, овој компактен електричен автомобил со текот на времето се наметна како едно од најдобрите електрични возила на пазарот

Долго очекуваната базна верзија од 35.000 долари се уште е на чекање, а Tesla од Model 3 има продадено повеќе од 100.000 примероци во 2018 година, што е рекорден резултат.

Она што го прави Model 3 исклучително популарен во светот на EV-автомобилите е автономијата од 500 километри, што е и понатаму е енигма за другите производители без оглед на огромните инвестиции во овој сегмент во последните неколку години.

Меѓутоа, она што го прави Model 3 посебен е тоа што овој автомобил доаѓа во верзија која може да ги задоволи сите спортски ентузијасти.

Model 3 Performance од двојниот електромотор развива 450 КС и 640 Nm, а со погонот на сите четири тркала до 100 km/h забрзува за само 3,3 секунди при максимална брзина од 250 km/h.