![Tesla ќе му помогне на Fiat да избегне казни во ЕУ](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/04/d38fd7a6-tesla-sentry-mode-.jpg)
Tesla ќе му помогне на Fiat да избегне казни во ЕУ
FIAT ќе плати стотици милиони долари на американскиот производител на електрични автомобили
Ова е цената кој компанијата Fiat Chrysler Automobiles (FCA) ќе ја плати за да се избегнат казни за кршење на прописите за емисија на ЕУ. А тоа ќе се случи така што автомобилите на Tesla, кои се продаваат во Европа, ќе се бројат под флотата на италијанско-американскиот концерн, пишува Financial Times.
Електричните автомобили на Tesla ќе овозможат просечната емисија на CO2 на FCA на ниво на флота да биде на дозволено ниво, со што ќе се избегне плаќањето на повеќе милионски казни. FCA и Tesla за оваа цел се здружија на 25 февруари, а во Tesla во овој момент не се подготвени да коментираат за овие деловни активности. Краткиот коментар на FCA е дека е постигната флексибилност во испораката на возилото што клиентот го сака, а притоа на оптимален начин се исполнети законските прописи.
Слични деловни потези, претходно, FCA направи и во САД, „соработувајќи” со Tesla, Toyota и Honda.